Унгарскиот кредит ќе се враќа со три години грејс период и 15 години рок за отплата

Се уште не е договорено колкава камата банките би им додале на фирмите што ќе аплицираат за овие средства

-

До три години грејс период и до 15 години рок на отплата се условите под кои домашните банки ќе можат да работат со унгарскиот кредит од 250 милиони евра, наменет за кредитирање на стопанството, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по средбата со Македонската банкарска асоцијација, но додаде дека се уште не е договорено колкава камата банките би им додале на фирмите што ќе аплицираат за овие средства.

„Во врска со желбата да се учествува во проектот, Македонската банкарска асоцијација, нејзините членки и членови сите изразија желба да учествуваат во овој процес. Во делот на рочноста ставовите се заеднички, во зависност од барањата на клиентите да се користи формулацијата до три години грејс период и до 15 години рок на отплата. Во делот на каматата дополнително ќе се преговара. Очекувам до крајот на следната недела да имаме некој став и да го заокружиме решението кое ќе треба да се пренесе на комапниите“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека целта на преговорите ќе биде каматата која што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, иако посочи дека банките имаат и свои трошоци.

„Да видиме што може од нивните трошоци да се намали, тоа ќе зависи и од политиките на Централната банка. Да не зборуваме за проценти, да ги доближиме ставовите, па да излеземе со официјална позиција“, рече Мицкоски.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...