Унгарскиот премиер Петер Маѓар вчера изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи одобрување на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја, во пристапните преговори на Украина со ЕУ.
Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, објави Ројтерс.
Секој чекор од процесот кон влез во ЕУ, кој е поделен на поглавја и групи на политички прашања, бара одобрение од сите членки на унијата.
Маѓар кажа дека со договорот ќе се прошират јазичните, образовните, културните и политичките права на околу 100.000 етнички Унгарци во Закарпатската Област во западна Украина, а во вторникот изјави дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
