fbpx

Унгарија донираше 6.000 дози вакцини против ковид-19 за имунизација на Граничната полиција

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје” ја пречекаа делегацијата предводена од министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој ја предаде донацијата од 6.000 дози вакцини против коронавирусот (ковид-19), како пријателски чин на Владата на Република Унгарија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски по предавањето на донацијата рече дека вакцините се наменети за имунизација на припадниците на Министерството за внатрешни работи, поточно за Граничната полиција, која што согласно надлежностите и обврските е во поголема мерка изложена на предизвиците од актуелната глобална пандемија со ковид-19.

„Во име на Владата на Република Северна Македонија, во свое и во име на сите вработени во Министерството за внатрешни работи сакам да изразам благодарност за донацијата која што денеска ја врачи Неговата Екселенција министерот Петер Сијарто. Сакам да истакнам дека досега, како Министерство, успеавме да организираме имунизација на над 1.500 наши припадници на полицијата, а со тој процес на имунизација ќе продолжиме и понатаму врз основа на планот што е изготвен во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за здравство. Ова е уште една можност преку ваков пријателски чин да испратиме силна порака за взаемна соработка и пријателство“, посочи Спасовски.

Министерот Спасовски и во оваа прилика апелираше до сите граѓани на Република Северна Македонија да пристапат кон вакцинација поради тоа што, како што истакна тој, само на таков начин ќе можеме до крај да се справиме со пандемијата со ковид-19 и да се вратиме во нормалното живеење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...