Министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петар Сијарто допатува со специјален воен карго авион со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери за медицинските лица.

 „Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени потреби, покажаа навистина несебична солидарност од страна на Република Унгарија,“ – изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Предвидено е Сијарто да се сретне и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со кој ќе имаат заедничка онлајн прес-конференција.