fbpx

Уметничка слика од Свето Стефановски, подарок за Дуке Бојаџиев

-

Група редовни проследувачи на концертите на фестивалот „Охридско лето“, воедно и пријатели на познатото композиторско семејство Бојаџиеви, денеска, во култното охридско кафуле „Аквариус“ му подарија уметничка слика од Свето Стефановски, на светски афирмираниот музички уметник, по потекло од Македонија, Дуке Бојаџиев.

Бојаџиев, утревечер на Антички театар ќе го изведе фантастичниот проект „Сон, верба, љубов“, кој се очекува како врвен спектакл од програмата на јубилејното, 55. „Охридско лето“.

Синоќа, Бојаџиев, со истиот проект, настапи на Хераклеја во Битола, а по Охрид, заедно со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, ќе се пресели во престижниот „Карнеги хол“ во Њујорк.

Дуке Бојаџиев настапува со својот ансамбл од специјални гости: Исмаил Лумановски – кларинет, Тања Царовска – вокал, Мартин Ѓаконовски – контрабас, Мартина Блажеска – вокал, Костас Анастасиадис – перкусии и Владимир Крстев – стринг-квартет.

„Сон, верба, љубов“ во себе ја инкорпорира музиката што Дуке Бојаџиев ја создаде за филмовите „До балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“, потоа композиции од неговиот албум „Љубовта е патот“, како и нови, досега неизведени творби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...