Времето денеска претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 19 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време, утринската температура ќе достигне до 10, а дневната температура до 24 Целзиусови степени.
Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има во западните делови. Поголемо наоблачување со локален дожд ќе има за време на викендот и во почеток на наредната седмица.