Времето во земјава денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми, вели временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура се движи од 0 до 10 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува од 10 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми.

Утринската температура достигна до 5 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се искачи до 15 степени.

Следува период на променливо облачно време со локален дожд, претежно во јужните делови. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.