Ултра реалистичната графика полека ги претвора видео игрите во интерактивни филмови

Cyberpunk 2077 Кијану Ривс -скриншот од главниот вебсајт на играта
Cyberpunk 2077 Кијану Ривс -скриншот од главниот вебсајт на играта

Со развojот на Unreal Engine 5 и откако цели заедници за креирање модови (додатоци за појачување графика и нови скинови во игри) доаѓа времето на ултра реалистична графика кога разликата меѓу филм и интерактивна филмувана игра исчезнува. 

Најновата снимка за модови на играта Сајберпанк 2077 од полската фирма CD PROJEKT RED- го покажува и докажува тоа:

 

Секако дека се потребни хардверски надградби за да се вклучи овој мод бидејќи бара доста квалитетен систем. Но, може да се заклучи дека овие промени парадоксално, од една страна доаѓаат побрзо одошто мислиме и истовремено побавно одошто изгледа. 

Друг пример за ултра реалистична графика што вчудоневидува е играта во изработка наречена Unrecord развиена од само една фирма девелопер DRAMA, во која нивото на таканаречен фото-реализам е вџашувачко. Сè уште нема конкретен датум кога ќе излезе играта – но станува збор за детективска приказна и за пукачка игра. Видеото во продолжение е извадок од пробното играње на игратa, пуштено во јавност во април 2023 година во вид на гејмплеј трејлер: 

За оваа игра многу луѓе не веруваа дека е игрива туку само монтажа снимена во вистински живот. Девелоперите мораа да извадат видео како доказ дека се работи за вистински игра.

Дел од дивелоперите дури и намерно ги прават игрите и ликовите да не изгледаат ултра реалистично туку повеќе како ликови од анимиран филм – за да се додаде чувство „на цртан филм”.

И Dragons Dogma 2 и Dragon Age Veilguard личат повеќе како цртани филмови отколку како стремеж кон исполирана непрепознатлива филмска фото-графика. Графиката, пак, во една од најкрвавите игри Doom Dark Ages е повеќе како стрип. Дел од оружјата се направени малку поголеми во стилот на Ворхамер за да се даде индикатор дека станува збор за игра.