fbpx

Украинското МНР: Нападот на ХЕЦ Каховка е терористички акт, да се воведат нови санкции

Украина побара од земјите од групата седум најразвиени земји и ЕУ итно да размислат за воведување на нови санкции против Русија, вклучително против руската ракетна индустрија и нуклеарната индустрија

-

Украина повика на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, вклучување на Механизмот за цивилна одбрана на Европската унија, а во обраќањето до земјите од Групата седум и ЕУ побара и итно да размислат за воведување на нови санкции против Русија, вклучително против руската ракетна индустрија и нуклеарната индустрија.

Единиците на Националната полиција и Државната служба за вонредни ситуации на Херсонската област преземаат итни мерки за евакуација на цивилното население од потенцијалните зони на поплави. А, во тек е предупредувањето на жителите на привремено окупираниот лев брег на Херсонската област, соопшти украинското Министерство за надворешни работи додавајќи дека десетина населени места од двете страни на реката Днипро се во опасност од поплави.

„Детонирањето на браната на ХЕЦ Каховка од страна на Руската Федерација го сметаме за терористички акт против украинската критична инфраструктура, чија цел е да предизвика што е можно повеќе жртви и уништување. За терористичкиот напад на ХЕЦ Каховка претходно жестоко се дискутираше на ниво на окупаторските сили во Херсонската област и пропагандистите на руската телевизија, што укажува дека тој бил однапред планиран“, велат од министерството.

Оттаму додаваат дека детонирањето на браната на ХЕЦ Каховка е технолошки и еколошки тероризам, најголемата технолошка катастрофа во Европа во последните децении и истакнуваат дека „ова е уште една манифестација на рускиот геноцид врз Украинците“.

Украинското МНР предупреди дека поради намалување на нивото на водата во Каховскиот резервоар, може да има опасност од инцидент на друг критичен инфраструктурен објект окупиран од Русија – нуклеарната електрана Запорижја и ја повика меѓународната заедница најостро да го осуди „рускиот терористички напад врз ХЕЦ Каховка“.

Околу 16.000 луѓе, како што пренесе Укринформ, моментално се наоѓаат во зоната на катастрофата во областа Херсон на десниот брег на реката Днипро. Украинскиот претседателот Володимир Зеленски рече дека реката е загадена и со 150 тони индустриски лубрикант, а уште 300 тони се изложени на ризик од истекување.

Разнесена брана кај Херсон, постои опасност од катастрофални поплави

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...