Андриј Јермак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откри дека украинските вооружени сили забележале индиски компоненти во руските дронови кои се користат во напади врз цивилното население низ Украина, пренесува „Гардијан“.

„Потребно е Русите да се лишат од можноста да добиваат компоненти од други земји и да се запре убивањето на Украинците. Исто така, купувањето руски енергетски ресурси значи финансирање на војната, што не придонесува за мир“, додаде тој.