fbpx

Украинска амбасада: Изминативе 24 часа се регистрирани 80 прекршувања на огнот

-

Во текот на изминатите 24 часа, на 20 февруари, Украина регистрирала 80 прекршувања на огнот, од кои 72 биле со употреба на оружје забрането со договорите од Минск, се наведува во соопштението на Украинската амбасада во Скопје, кои вината ја насочуваат кон вооружените формации на Руската Федерација што се наоѓаат на окупираните територии во Донецк и Луганск.

„Како резултат на гранатирањето, еден војник се здобил со борбени повреди. Здравствената состојба на украинскиот бранител е задоволителна“, се наведува во соопштението на Амбасадата на Украина.

Во соопштението се додава дека синоќа во 21 часот од про-руските сили бил отворен оган од тешко оружје од населбата Лобачеве во правец кон градот Луганск, којшто исто така се наоѓа под контрола на паравоените про-руски сили.

„Во отсуство на какви било агресивни дејства од страна на украинските бранители, напаѓачите сами ги разнесуваат објектите на инфраструктурата на окупираните територии и вршат хаотично гранатирање на населените места. Очигледно е дека непријателот продолжува да ги користи своите пропагандни методи за водење информативна војна со цел да ги обвини Вооружените Сили на Украина и да ја ескалира ситуацијата“, се наведува во соопштението на Амбасадата на Украина во Скопје.

Во Русија веќе почнаа да пристигнуваат евакуираните лица што ги напуштија домовите по донесената наредба за евакуација од про-руските сепаратисти од Донецк и Луганск. Би-би-си од терен известува дека жени, постари лица и деца се сместуваат од хуманитарните служби, додека на дел од нив им било кажано дека ќе бидат испратени во подалечни руски градови.

Гардијан јавува пак дека Полска, Словачка, Романија прават планови во случај на пристигнување на милиони бегалци при евентуален поголем воен конфликт во Украина. Во Полска веќе се сместени 2 милиони граѓани на Украина, повеќето кои избегаа од земјата по конфликтот во 2014 година.

Во меѓувреме, Би-би-си јавува дека 10 авиокомпании почнаа да ги откажуваат комерцијалните летови кон и од Украина. Холандската авиокомпанија КЛМ веќе ги суспендираше летовите, додека Луфтханза ги прекинува летовите од денеска. Ер Франс денеска соопшти дека исто така летовите од Киев ги прекинуваат како мерка за претпазливост, но и дека постојано ќе ја следат ситуацијата на терен. Наспроти ова, украинските власти потенцираат дека воздушниот простор над Украина ќе остане отворен и дека националната авиокомпанија ќе воведе дополнителни летови од Киев за Минхен и Женева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Урбани велосипедисти утре ќе вртат кругови околу „Ист Гејт Мол“

За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат Портокалова велосипедска тура, па посетителите што ќе дојдат, со велосипеди ќе вртат кругови околу трговскиот центар „Ист...