fbpx

Украина воведе рестрикции на струја низ целата земја, Русија продолжува да ја гранатира инфраструктурата

-

Украинските власти од денеска ќе започнат со рестрикции на струја низ целата земја како последица на руското бомбардирање на енергетската инфраструктура во изминативе денови. Од Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски информираа дека рестрикциите на електрична енергија нема да бидат симултани, туку во различни периоди ќе се воведуваат во регионите и ќе бидат првенствено насочени кон фабриките и индустрискиот сектор, јавува Укринформ.

Рестрикциите како последица на руската агресија ќе го минимизираат и уличното осветлување, а од граѓаните денеска се бара да ја минимизираат потрошувачката на струја во своите домови во периодот од 7 до 23 часот. И Максим Козуцки, гувернер на најзападниот регион Лвив, за Гардијан потврди дека индустриските капацитети веќе биле информирани за претстојните рестрикции во потрошувачката на струја.

Во меѓувреме, ЕУ денеска ќе одржи самит на лидерите на земјите-членки за да ги дискутираат можностите за поддршка на Украина, вклучувајќи енергетска опрема што ќе им овозможи на украинските власти да ги поправат електраните, далноводите, трансформаторите и другите уништени објекти. Исто така, ќе се расправа и за финансиска помош на Украина за обнова на целосно уништените енергетски објекти.

Инаку, руските сили продолжија да гаѓаат и изминатово деноноќие по електричната инфраструктура на Украина. Во регионот Ивано-Франкивск во западна Украина, во градот Бурштун е погодена термоелектрана и е предизвикана „сериозна штета“, јавува Гардијан. Укринформ пренесува дека во Криви Рих во Днипропетровскиот регион била оштетена енергетската инфраструктура, откако руски ракети погодиле претпријатие и енергетски капацитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...