fbpx

Украина се согласи на преговори во Хомел во Белорусија

-

Украинскиот претседател Володомир Зеленски преку социјалните мрежи објави дека разговарал со белорускиот лидер Александар Лукашенко.

„Се договоривме украинската делегација да се сретне со Русите без претходни услови на украинско-белоруската граница, во реонот на реката Припјат. Александар Лукашенко ја презеде одговорноста за тоа што во моментот на заминувањето, преговорите и враќањето на украинската делегација, сите авиони, хеликоптери и ракети поставени на белоруска територија ќе останат на терен.“ напиша Зеленски на Фејсбук.

Предходно Русија им даде рок на украинските власти до 15 часот по локално време да одлучат дали ќе се сретнат со руската делегација на разговорите во белорускиот град Хомел.

Украинскиот претседател изјавуваше дека ќе биде подготвен да разговара со Русија, но го отфрлаше предлогот средбата да се одржи во Белорусија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...