fbpx

Украина: Еден ден по договорот за извоз на жито, руски проектили го погодија пристаништето во Одеса

-

Руски проектили денеска го погодија главното пристаниште Одеса во јужна Украина, соопшти украинската војска, само еден ден по потпишувањето на договорот за деблокирање на извозот на жито од пристаништата на Црното Море, објави Ројтерс.

Договор потпишан од Москва и Кијив во петокот се смета за клучен за да се спречи растот на цените на храната на светско ниво, да се олесни кризата во снабдувањето со храна со тоа што ќе дозволи извоз на храна од пристаништата на Црното Море, вклучително и од Одеса.

Официјални претставници на Обединетите Нации во петокот изјавија дека се надеваат дека договорот ќе биде оперативен за неколку недели, но сè уште не е јасно дали тоа сепак ќе биде можно со оглед на денешните напади.

„Непријателот го нападна морското трговско пристаниште Одеса со крстосувачки ракети ‘Калибр’“, напиша Украинската оперативна команда Југ на нивниот канал на „Телеграм“. Два проектили ја погодиле инфраструктурата на пристаништето, додека други два биле соборени од силите за воздушна одбрана, се вели во соопштението.

Украинското Министерство за надворешни работи ги повика Обединетите нации и Турција, кои посредуваа за договорот, да обезбедат Русија да ги исполни своите обврски и да дозволи слободен премин на жито во рамки на договорениот коридор.

Амбасадорката на САД во Киев, Бриџит Бринк, нападот го нарече „безобразен“.

„Кремљ продолжува да ја користи храната како оружје. Русија мора да сноси одговорност“, напиша Бринк на Твитер.

Руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Блокадата на украинските пристаништа од страна на руската црноморска флота по воената инвазијата на Москва на 24 февруари на нејзиниот сосед зароби десетици милиони тони жито и заглави многу бродови.

Ова ги влоши тесните грла на глобалниот синџир на снабдување и, заедно со западните санкции кон Русија, ја поттикна инфлацијата на цената на храната и енергиенсите.

Русија и Украина се главни светски снабдувачи со пченица, а војната ги зголеми цените на храната. Глобалната криза со храна турна околу 47 милиони луѓе во „акутен глад“, според Светската програма за храна.

Договорот од петокот има за цел да ја спречи гладта ​​кај посиромашните нации со инјектирање на повеќе пченица, сончогледово масло, вештачки ѓубрива и други производи на светските пазари, вклучително и за хуманитарни потреби, делумно по пониски цени.

ИзворРојтерс

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...