Украина подготвена да прифати 30-дневен прекин на огнот

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека сега ќе го пренесе предлогот до Русија и дека „топката е во нивно поле“

-

Соединетите Американски Држави (САД) се согласија веднаш да ја обноват воената помош и размената на разузнавачки информации со Украина, по разговорите во Саудиска Арабија, каде што Киев изрази подготвеност да прифати американски предлог за 30-дневен прекин на огнот во конфликтот со Русија, се вели во заедничкото соопштение на двете земји.

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека сега ќе го пренесе предлогот до Русија и дека „топката е во нивно поле“, јави Ројтерс.

„Претседателот сакаше оваа војна да заврши уште вчера… Затоа, се надеваме дека Русите ќе одговорат со ‘да’ што е можно побрзо, за да можеме да преминеме на втората фаза – вистински преговори“, изјави Рубио за новинарите, повикувајќи се на американскиот претседател Доналд Трамп, по објавата на соопштението.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој беше во Саудиска Арабија, но не учествуваше во разговорите, изјави дека предлогот за прекин на огнот е „позитивна иницијатива“, која се однесува на целиот фронт во конфликтот, а не само на воздушните и поморските борби.

Дополнително, САД и Украина се согласија што поскоро да склучат сеопфатен договор за развој на критичните минерални ресурси на Украина – договор кој веќе со недели е во подготовка, но беше ставен во неизвесност поради расправијата меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа.

Зеленски изјави дека двете земји ќе работат на финализирање на договорот за минералите.

Висок советник на Зеленски истакна дека со американските претставници биле дискутирани и можни безбедносни гаранции за Украина, но не наведе конкретни детали.

ИзворРојтерс

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...