fbpx

Украина гради нови одбранбени линии околу Кијив, пред евентуална нова руска офанзива

-

Украина работи на подобрување на одбранбените линии околу Кијив, за да ја зацврсти одбрана на главниот град пред евентуална нова руска офанзива. Цврсти одбранбени структури за кијивските одбранбени сили се градат периодов, во соработка со Кијивската регионална воена управа, јавува Укринформ.

Армирано-бетонските подземни структури со простор за сместување на одбранбените сили на Кијив се поставуваат на сите потенцијални рути за напредување на непријателот кон Кијив, објавија украинските власти.

Во понатамошните работи за уредување, таквите структури ќе овозможат да се обезбеди ефективна и безбедна работа на командните и набљудувачките пунктови, како и упориштата на водовите и четите, објави командантот на одбранбените сили на Кијив, Олександр Пављук.

Во меѓувреме, Германија е под силен дипломатски притисок за да испрати свои тенкови како воена помош за Украина или барем да им дозволи на другите европски земји што ги имаат нејзините тенкови „Леопард“ да ги реекспортираат во Украина, пренесува Гардијан.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчера го критикуваше неуспехот на Германија да испорача ваква воена помош на Украина, додавајќи дека ставот на Германија е неприфатлив и дека поминало речиси една година од почетокот на војната, а секојдневно умираат невини луѓе во Украина.

„Руските бомби прават пустош во украинските градови. Се напаѓаат цивилни цели, се убиваат жени и деца“, изјави полскиот премиер Моравјецки.

Украинските власти и САД се надеваат дека Германија ќе дозволи тенковите „Леопард“ кои се од нејзино производство да бидат реекспортирани од земји кои веќе јасно изразија интерес за тоа, како што се Полска и Финска.

Сепак, новиот германски министер за одбрана, Борис Писториус изјави дека и покрај зголемените очекувања, „сè уште не можеме да кажеме кога ќе биде донесена одлука и каква ќе биде одлуката, кога станува збор за тенкот „Леопард““.

Во заедничката изјава во саботата, министрите за надворешни работи на балтичките земји Литванија, Естонија и Летонија, исто така, побараа од Германија уште сега да обезбеди тенкови „Леопард“ на Украина.

Украинскиот заменик-министер за надворешни работи, Андриј Мелник преку Твитер се вклучи во дебатата за тоа дали Германија треба да дозволи нејзини тенкови да се извезат во Украина.

„Само љубезно потсетување: Украина официјално побара од Германија да испорача тенкови „Леопард“ на 3 март 2022 година, на седмиот ден откако Русија започна војна за уништување на украинската државност и украинската нација. Денеска е 334-от ден од варварската руска војна. Можеби е време да се забрза овој процес?“, напиша Мелник на Твитер.

Инаку, во најновите руски напади врз Украина во текот на вчерашниот ден загинал еден цивил, а девет лица се повредени, пренесува Укринформ. Притоа, едно лице загинало во Харкивскиот регион, а повредени лица од руските воени дејствија имало во регионите Донецк, Запорижја и Херсон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...