Украина е подготвена за напредок во процесот за прекин на огнот, велат претставници на САД

Американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц треба да пристигнат во Саудиска Арабија, каде што во вторник ќе одржат разговори со украинските претставници

-

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп верува дека украинското раководство е „подготвено да напредува“ во процесот за прекин на огнот со Русија, согласно барањата на САД, изјави за Би-Би-Си висок претставник на американскиот Стејт департмент.

Американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц треба да пристигнат во Саудиска Арабија, каде што во вторник ќе одржат разговори со украинските претставници.

Претседателот Доналд Трамп го зголеми притисокот врз својот украински колега Володимир Зеленски да прифати брз прекин на огнот со Москва, но без да понуди конкретни безбедносни гаранции од САД.

Пред десет дена, двајцата лидери јавно се судрија во Белата куќа, при што Трамп изјави дека Зеленски не е подготвен да го прекине конфликтот.

Рускиот претседател Владимир Путин ја започна целосната инвазија врз Украина во февруари 2022 година, а Москва моментално контролира околу 20 отсто од украинската територија.

„Фактот што тие доаѓаат овде на високо ниво е добар показател за нас дека сакаат да седнат на маса и дека се подготвени да напредуваат“, вели за Би-Би-Си официјален претставник на Стејт департментот.

Иако Зеленски исто така ќе биде во Саудиска Арабија за средба со принцот престолонаследник Мохамед бин Салман, тој не се очекува формално да учествува во разговорите со Американците.

Украинскиот тим ќе биде претставен од шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, како и од советникот за национална безбедност, министерот за надворешни работи и министерот за одбрана.

Во своето видео-обраќање доцна во неделата, Зеленски изјави: „Се надеваме на резултати – и во приближување на мирот и во продолжување на поддршката“.

Зеленски е под силен американски притисок да направи отстапки пред почетокот на било какви мировни преговори, додека тој инсистира на цврсти безбедносни гаранции за Киев, потенцирајќи дека Путин ги прекршил претходните договори за прекин на огнот.

Дали САД вршат сличен притисок врз Москва да направи отстапки не е јавно обелоденето.

Набргу по инцидентот во Белата куќа, Зеленски изрази жалење за случката и се обиде да ги поправи односите со САД – најголемиот снабдувач на Украина со воена помош.

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, подоцна изјави дека Трамп добил писмо од Зеленски во кое имало „извинување“ и „израз на благодарност“.

Виткоф додаде дека во Саудиска Арабија американскиот тим сака да дискутира за „рамка“ за мирно решение на војната меѓу Русија и Украина.

Исто така, се очекува повторно да се разгледа договорот за минерални суровини, чие потпишување беше сопрено.

Украина им понуди на САД пристап до своите резерви на ретки минерали во замена за безбедносни гаранции од Вашингтон.

Расправијата во Белата куќа резултираше со тоа што САД ја прекинаа целата воена помош за Украина и ја сопреа размената на разузнавачки информации.

Но, кога во неделата беше запрашан дали размислува за укинување на оваа забрана, Трамп одговори: „Па, речиси го направивме тоа. Навистина, речиси го направивме, и сакаме да направиме сè што можеме за Украина да биде сериозна во постигнувањето на некаков договор“. Тој не даде дополнителни детали.

На 18 февруари – пред расправијата меѓу САД и Украина во Вашингтон – Рубио оствари средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Саудиска Арабија. Оваа средба беше продолжение на контроверзниот телефонски разговор меѓу Трамп и Путин.

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за здравство. Операцијата...

Што е Европскиот мировен фонд преку кој РСМ доби десетици милиони евра помош за Армијата?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и...

Трамп и Зеленски разговараа во базиликата „Свети Петар“ пред погребот на папата Франциск

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово разговараа за војната во Украина, во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, неколку минути пред почетокот на погребната миса за папата Франциск,...

Почина повредениот во вчерашната вооружена престрелка на Бит Пазар

Лицето кое вчера беше повредено во вооружена престрелка меѓу две лица во Дуќанџик на Бит Пазар, им подлегнало на повредите, потврдија во Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за А.С.,...

Успешно изведена првата трансплантација на менискус

За прв пат во државата, денеска е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус, информираат во Министерството за...