fbpx

Украина: 25 починати од свински грип

-

Најмалку 25 лица починаа од свински грип во Украина од почетокот на сезоната на грипот, соопшти денеска директорката на државниот центар за грип, Тетјана Дихановска, без да прецизира кога точно почнала сезоната на грип.

Министерот за здравство, Александар Квиташвили, вчера изјави дека свинскиот грип не е доволно раширен за да се смета за епидемија.

Ерменија, исто така, вчера соопшти дека во земјата постојат случаи на заболени од свински грип, кој во последните два месеци однесе 10 животи, но дека тој број не укажува оти има епидемија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...