fbpx

Украина ѝ се заблагодари на земјава за донираните тенкови: Пријателот се познава во неволја

-

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска преку Твитер не заборави да се заблагодари за донацијата која земјава ѝ ја достави на Украина во форма на тенкови Т-72. Подољак на украински и на македонски јазик на Твитер го напиша следново:

„Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од G20. Како Северна Македонија, која ѝ пружи помош на Украина. Ние никогаш нема да го заборавиме ова“, напиша Подољак на Твитер.

За разлика од Украина, каде изминативе денови граѓаните по социјалните мрежи ѝ се заблагодаруваат на земјава за донацијата на тенковите „Т-72“, Русија преку портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека ваквиот потег на официјално Скопје е „голема грешка што само ќе помогне во криминалните дејствија на режимот во Киев“.

Македонските Министерство за надворешни работи и Министерство за одбрана по реакцијата на официјална Москва соопштија дека Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно, водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност.

„Северна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“, реагираа македонските министерства.

Покрај донацијата на тенковите Т-72 за Украина, дел од медиумите во земјава пишуваа, иако нема официјална потврда од македонските власти, дека наскоро во Киев би можеле да летаат и четирите воени авиони сухои „Су-25“, кои Северна Македонија ги набави од Украина за време на конфликтот во 2001 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...