Од сефот на Народната универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ бил украден пиштол „црвена застава“ во вредност од 30.000 денари.

„Во точно неутврден временски период од три години, непознат сторител извршил тешка кражба во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, при што, при згодна пригода, од сефот на библиотеката, кој бил оставен отклучен, одзел еден пиштол „црвена застава“. Сторителот стекнал противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот“, соопштуваат од МВР.