fbpx

Укинати забраните за товарни возила на Ѓавото и кон Деве Баир

-

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато е укината во 14:10 часот, соопштија од ЈП „Македонија пат“.

Претходно беа укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и планинските превои Стража и Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од снег.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот и додаваат дека дежурните екипи на се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...