Од денеска, се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, а исто така, и на патниот правец Охрид-Кичево, кај Пресека, забраната за движење на тешки моторни возила се укинува, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Забраната за движење во обие делови беше воведена вчера поради големи врнежни од снег. Останува на сила забраната за движење во правец К.Паланка – граничен премин Деве Баир, а на сила е и забрана за движење на тешки моторни возила на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод.