fbpx

УКИМ е загрижен поради експанзијата на нови универзитети

-

На денешната седница, членовите на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ изразиле загриженост за влијанието од експанзијата на новоформирани државни универзитети врз функционирањето на постојните универзитети.

„Во тој контекст, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им обрнува внимание на надлежните институции во Република Македонија дека универзитетите повеќе години се судираат со сериозни проблеми, како необезбедување научен подмладок (ниту на местото на заминатите во пензија, согласно потребите за нормално функционирање), минимални средства за научно-истражувачка работа, отсуство на материјални трошоци за изведување на наставата, неформирање на Советот за финансирање на високото образование, со сите последици што тоа ги предизвикува“, пишува во соопштение на УКИМ.

Универзитетскиот Сенат очекува дека укажувањата од академската заедница ќе бидат земени предвид со сета сериозност при сите понатамошни активности и планирања поврзани со ова значајно прашање, кое е од суштински  интерес за државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...