fbpx

УЈП заврши со ажурирањето на апликацијата МојДДВ, достапна е и на Гугл плејстор

-

По повеќе од 20 дена откако започна ажурирањето на апликацијата МојДДВ, Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека прилагодената верзија на апликацијата од денеска е достапна и на Google playstore.

Корисниците на апликацијата треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“.

Управата за јавни приходи денеска исто така информираше и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.e-pdd.ujp.gov.mk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....