fbpx

УЈП почна со исплата на МојДДВ од скенирани фискални во третото тримесечје од 2020

-

На граѓаните им се исплатуваат парите од поврат на данокот на додадена вредност од фискалните сметки. Управата за јавни приходи (УЈП) извести дека е започнат процесот на исплата на паричните средства од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година, според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.

УЈП соопшти дека на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ во месеците октомври, ноември и декември 2020 година, од 6 февруари им се исплаќа дел од данокот на додадена вредност, прикажан во фискалните сметки.

„Во последното тримесечје од 2020 скенирани се 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет изнесува 33.398.562.346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари, односно околу 6,1 милиони евра“, информираат од УЈП.

Потсетуваат дека Проектот МоЈДДВ УЈП го започна на 1 јули 2019 година и дека тој успешно се реализира и ги остварува двете главни цели: враќање назад пари кај граѓаните и сузбивање на сивата економија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...