fbpx

УЈП најави засилени контроли во пресрет на Супер-купот

-

Управата за јавни приходи најави дека ќе го засили контролите во пресрет на Супер-купот во Скопје, фестивалите за пиво и настаните од културата.

Директорката Сања Лукаревска соопшти дека мерките за надзор на готовинскиот промет се превентивни, но и за поефикасно да се соберат даноците. Таа исто така најави и казни за фирмите кои не плаќаат данок.

Од УЈП соопштуваат дека во периодов е најизразено одбегнувањето плаќањето данок кај хотелите, рестораните, баровите, превозот и други дејности во услужниот сектор. На тоа укажуваат и 195 контроли што инспекторите викендов ги спровеле. Тие утврдиле неправилности во 325 објекти. Дел од компаниите кај кои се забележани неправилности издавале компјутерски, но нефискални сметки, други имале паралелен систем неповрзан со УЈП, а трети користеле стари, одјавени фискални апарати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...