fbpx

УЈП: 753 вработени не добиле плата за февруари или март, иако државата исплатила помош на работодавачите

-

За месец февруари државна помош за исплата на плати им е дадена на 11.694 работодавачи во износ од 851.157.045,00 денари за 53.348 вработени, а за март, парична поддршка добиле 11.197 работодавачи во износ од 808.322.501,00 денари, за 50.876 вработени. Но, од нив, заклучно со 31 мај годинава, 181 работодавач за  февруари или за март не им исплатил плата на вработените, при што 157 работодавачи не дале плата за еден месец, а 24 и за двата месеца. Вкупно, не се исплатени 753 месечни плати, а државата им одобрила на работодавачите финансиска поддршка во износ од 2,7 милиони денари за февруари и 9,3 милиони денари за март, или вкупно 12 милиони денари.

Ова го истакна на денешната прес-конференција, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, која ја информираше јавноста за искористеноста на мерката Финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година, како и за неисплатените плати од страна на компаниите кои ја добиле оваа финансиска поддршка, а истата не ја исплатиле на работниците.

Како што рече Лукаревска, 61 работодавач се од дејноста подготовка на оброци и служење на храна, кои примиле финансиска помош во износ од 2.984.871 денари и не исплатиле плата на 198 вработени. 33 се од трговија на мало, со примен износ од 1.359.389 денари и неисплатени плати на 87 вработени, потоа, 24 работодавачи се од транспортната дејност, со добиена финансиска помош од 1.163.608 денари и неисплатени плати на 77 вработени. Во оваа група се и специјализираните градежни дејности, други услужни дејности, трговија на големо и мало со моторни возила и моторцикли и поправка на моторни возила и моторцикли и правни и сметководствени дејности.

По региони, најмногу даночни обврзници што не исплатиле плата се од Скопје-71, Тетово-53 и Битола-27 обврзници.

„На работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата доставени им се опомени, а по истекот на рокот за плаќање, се започнува постапка на присилна наплата на долгот по МПИН пресметката. Согласно Законот, во ваков случај се предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 10.000 евра во денарска противредност, во зависност од големината на правното лице“, рече Лукаревска, која дополни дека листата на компании кои примиле финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март, а не ја исплатиле на работниците, УЈП ќе ја достави до Генералниот секретаријат на Владата, за јавна и транспарентна објава на неплаќачите.

За компаниите кои не ја исплатиле платата лани за април, мај и јуни, како и за октомври, ноември и декември 2020 година, Лукаревска истакна дека е спроведена присилна наплата. За овие месеци платата сѐ уште не ја исплатиле 117 работодавачи, од кои 94 само за еден месец, 18 за два месеца и 5 работодавачи за три месеци. Неисплатените плати се однесуваат за 356 вработени, а за истите е одобрена финансиска помош од државата од 5.084.663,00 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...