Утре времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни, ќе дува засилен јужен ветар кој во текот на ноќта ќе го промени првецот во северен (над 70 км на час), информираат во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Врнежите од дожд најпрво на планините ќе преминатво снег и ќе се формира снежна покривка. Во текот на ноќта и во сабота претпладне врнежи од снег ќе има и на некои пониски места каде што ќе се формира помала снежна покривка. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и магла по котлините“, информира УХМР.
Во Скопје утре времето ќе биде претежно облачно и ветровито со врнежи од дожд повремено пообилни. Во текот на ноќта, со засилен северен ветар ќе се создадат услови во повисоките делови од котлината врнежите да преминат во снег со слаб интензитет.