Денес, особено претпладне, ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови од земјава, каде се очекува да наврне и до 20 литри на метар квадратен, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Минималната температура по градовите измерена во 7 часот утрово е во интервал од 2 степени Целзиусови во Куманово до 8,7 степени Целзиусови во Демир Капија.
Во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврна во Крива Паланка – 16 литри на метар квадратен.
Во 7 часот била измерена снежна покривка од 40 сантиметри во Маврови Анови и Попова Шапка и 12 сантиметри во Крушево.