fbpx

Угостителите се жалат на високи казни од инспекциските служби

-

Охридските угостители се жалат на високи казни што ги пропишуваат инспекциските служби. Бараат да се регулира прашањето со пушењето, како и ангажирањето летни, сезонски работници.

– И Германија има прво опомена и потоа ќе ти дадат помала казна. А овде, имаш дуќан со стока во вредност од најмногу 600 евра, а казната што треба да ја платиш изнесува 2.500 евра. Сметам дека треба да се најде некој сооднос. Не дека сме во право. Секој греши, но казните да бидат сразмерни – вели во интервју за „Охридпрес“ и за „Супер радио“ Љупчо Патчев, еден од најстарите угостители во Охрид, сопственик на елитниот ресторан „Далга“.

Според Патчев, голем проблем во угостителството во моментов е и забраната за пушење цигари.

– Ние се расправаме со луѓе речиси секој ден. Јас не сум пушач, но не ми е пријатно кога ги гледам луѓето како од кафеаната излегуваат надвор. Тој проблем треба да се реши. Треба да се најде решение, дали ќе се направи посебна просторија или нешто друго, сепак треба да се реши – додава Патчев.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...