Мартин Ангеловски фото : ТУК
Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК | Фото: ТУК

Претставници на Туристичко-угостителската комора посочија дека секторот угостителство се соочува со бројни предизвици, и поради рестриктивните мерки немаат доволно приходи да ги покријат основните трошоци. Оттаму велат дека е загрозена егзистенцијата на целата дејност. Тие бараат финансиска помош од владата, во спротивно, се заканија со протести в понеделник.

Како што посочи потпретседателот на ТУК, Мартин Ангеловски, угостителите бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти да ги покријат долговите и трошоците. Потенцираат дека под помош не ги сметаат понудите за поволни кредити од Развојната банка.

Барањата вклучуваат и еднократна финансиска помош во вид на грант за сите регистрирани угостителските објекти, поделени во 3 категории врз основа на големината на бројот на вработени во 2020 година.

Исто така, бараат „мораториум или репрограмирање со грејс период на кредитите од комерцијалните банки и кредитите од Развојна банка“ сè до укинувањето на сите рестрикции.