Угина јагуарот од скопската Зоолошка градина по тешка борба со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи

Изминатиот период, Зоолошката градина заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиле се што можеле за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи

-

Денес угина Инес, единствениот јагуар кој го имаше скопската Зоолошка градина. Од длабока старост, не ја издржа битката од најлошата болест која што може да ја добие едно животно.

Од Скопската Зоолошка информираат дека женскиот јагуар долго време се борела со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи.
Изминатиот период, Зоолошката градина заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиле се што можеле за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување на оваа страшна болест која одзема милиони жртви годишно, како кај луѓето, така и кај животните.
Јагуарката Инес имала 22 години, а просечниот животен век на овие мачки во природата е од 12-15 години, додека во зоолошките градини најстарите животни доживуваат и до 23 години живот.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...