Училиште во БиХ направи училница на отворено

Фото: Klix.ba

Основно училиште во Босна и Херцеговина во селото Качуни, најде начин како да одржи настава со физичко присуство. Во училница на отворено поставени се дрвени клупи во полукруг како во амфитеатар, а помеѓу учениците има доволно растојание, со што тие нема потреба да носат заштитни маски.

Наставата ќе се одвива на отворено, се додека тоа го овозможуваат временските услови.

Училиштето има повеќе од 1.000 ученици, а со цел да се избегнат собири, учениците се поделени во помали групи за да одржуваат безбедно растојание едни од други. Со ротација, дел од нив ќе посетуваат настава, а останатите ќе ја следат од дома.