fbpx

Училиштата во Охрид и Дебрца забрзано се подготвуваат за новата учебна година

-

Согласно одредбите од Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, општина Охрид и сите основни и средни училишта на подрачјето на општината навремено ги започнаа сите потребни подготовки во пресрет на почетокот на новата учебната година.

– Општина Охрид веќе подготви преглед за спроведување на воспитно-образовниот процес според сите протоколи за време на пандемија и врз основа на барањата за настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците од средните училишта. Овој преглед со барања, општината денеска го достави до Комисијата фoрмирана од Владата на Република Северна Македонија, која во рок од седум дена треба да донесе одлука во кое училиште ќе може да се организира наставата со физичко присуство – велат од локалната самоуправа во Охрид.

Барањата за организирање на настава со физичко присуство, охридските училишта ги имаат направено врз основа на просторните услови, бројот на ученици и анкетите на родителите, кои биле спроведени во текот на изминатиот период.

Исто така, следејќи ги протоколите и мерките за заштита од ковид-19, општина Охрид веќе започна постапка за набавка на средства за дезинфекција, термометри и сите други потребни материјали за здравствена безбедност на учениците и наставниот кадар, а пред почетокот на учебната година планирано е да биде извршена целосна дезинфекција на сите училишни објекти.

Советот на општина Дебрца донесе одлука воспитно-образовниот процес во ООУ „Дебрца“, Белчишта во учебната 2020/2021 година, а во услови на ковид-19 да се реализира со физичко присуство на учениците од I до IX одделение.

– Воспитно-образовниот процес ќе се реализира согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на основните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, донесени од Владата. Барањето за настава со физичко присуство на учениците, со образложение за исполнетоста на условите и критериумите од Планот и Протоколот, изготвено од ООУ„Дебрца“, Белчишта ќе се проследи до Комисијата формирана од Владата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство, а за добивање согласност од Владата за организирање на наставата со физичко присуство на учениците во училиштето – информираат од општина Дебрца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...