fbpx

Училиштата се празнат, се намалува бројот на ученици (инфографик)

-

Во пресрет на новата учебна 2019/2020 година, статистиките покажуваат дека се „топи“ бројот на запишани ученици во основните училишта. Овој податок, експерите го поврзуваат со останатите демографски индикатори, намалениот наталитет и интензивното иселување, се поприсутно и кај семејства со деца на помала возраст, се вели во неделната економска анализа на „Порталб.мк“.

Од учебната 2007/2008 година забележан е тренд на намалување на бројот на запишани ученици и во средното образование.

Од 2007 година до учебната 2018/2019 година трендот на намалување на бројот на ученици во основното образование не запира и годишно тој изнесува 4.300.


„Бројот на живородени деца во 2018 година во однос на 2016 година е намален за 1.669, а податоците покажуваат дека оваа состојба продолжи во 2019 година. Имено, на ниво на целата земја природниот прираст во првиот квартал од годинава е негативен и изнесува -1.076, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица“ – вели експерот за демографија и еден од поранешните директори на Заводот за статистика, Дончо Герасимовски.

Тој додаде дека како параметар за иселувањето од земјава може да се земе и намалувањето на бројот на ученици во основните училишта.

„Податоците покажуваат дека просечно годишно има намалување за околу 4.500 ученици, а дополнителен аргумент дека се соочуваме со иселување е намалувањето на бројот на ученици и на крајот на учебна година. Од друга страна, имаме податоци дека бројот на живородени деца во странство се зголемува за околу 200 на годишно ниво“, потенцира Герасимовски.

Трендот на намалување на бројот на основци е нотиран и во последниот извештај на Заводот за статистика.

„На почетокот на учебната 2018/2019 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 188.102, што претставува намалување за 2,3 проценти во однос на претходната учебна година“, наведуваат статистичарите.

Со намалување на бројот на ученици, во учебната 2018/2019 во однос учебната 2017/2018 година бројот на паралелки во основните училишта е намален за 156, додека бројот на основни училишта се намалил за две.

И во средното образование изминатите години се намалува бројот на запишани средношколци. Од учебната 2007/2008 година до учебната 2017/2018 година бројката на средношколци е намалена за 23.165.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...