Училиштата повторно мета на сајбер напади, утрово на мејл им стасале лажни дојави за бомби

„Утрово уште пред да започне наставата добивме мејл во кој пишуваше дека во училиштето има бомба. Како што доаѓаа, децата ги насочувавме на игралиштето, а откако екипи проверија дека станува збор за лажна дојава, се вративме сите на настава и продолживме со работа“, вели Симоноска Антовска, директорка на „Ацо Шопов“ во Радишани

-

Нови лажни дојави за бомби утрово стасале во неколку училишта во Скопје, на нивните службени мејлови. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали во текот на денот.

Мета поразговара со директорката на училиштето „Ацо Шопов“ во Радишани, Билјана Симоноска Антовска, по информацијата дека и во ова училиште утрово имало дојава за бомба.

„Уште пред да започне наставата добивме мејл, со дојава дека во училиштето има бомба. Како што доаѓаа, децата ги насочувавме на игралиштето, а откако екипи проверија дека станува збор за лажна дојава, се вративме сите на настава и продолживме со работа“, вели Симоноска Антовска.

Дојави за бомби имало и во училишта во општина Аеродром, Центар, но и во Штип и Кочани.

„Денеска на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови добиени се дојави за поставени експлозивни направи. Повеќе информации ќе има во текот на денот“, кусо соопштија во МВР.

Во меѓувреме, од општина Аеродром, каде што имало дојави во шест училишта повикаа на смиреност.

„По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли учениците се веќе вратени на настава. По дојавите, беше постапено согласно со протоколите што се преземаат во вакви ситуации, а децата беа безбедно евакуирани. Повикуваме на смиреност кај родителите, учениците и наставниот кадар“, напишаа на нивниот Фејсбук профил.

Државата станува повторно мета на сајбер напади. Првата лажна дојава за бомба стаса на 26 октомври 2022 година, во пет скопски гимназии, а последната дојава, за која беше обелoдeнето, стаса на 2 март годинава.

За да го реши проблемот со честото добивање лажни мејлови со вознемирувака содржина, МВР усвои протокол пред две години, согласно кој, јавноста повеќе не требаше да биде информирана за тоа дали има дојави за подметнати експлозивни направи во основните и во средните училишта, но и во останатите објекти во земјава, освен ако за тоа не одлучат стручните лица. Новите протоколи беа донесени со цел паниката и нервозата во јавноста да се сведат на минимум, а секојдневието на учениците, наставниот кадар и на родителите да биде без непотребни стресови.

Има уште еден протокол кој се смета за доверлив, а кој исто така требаше да се применува од пред две години. Според тогашните сведочења на образовниот кадар во училиштата, полицијата требаше да прави проверки пред почетокот на наставата, во објектите не смееше да се влезе без најава, приватното обезбедување ги проверува надворешните лица и при влез и при излез од училиштето, а камерите требаше да бидат постојано вклучени.

За тоа дали и во колкава мера се почитувале и функционирале овие протоколи, Мета очекува одговори од МВР во текот на денот.

 

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...