Учениците од Блаце догодина нема да ja минуваат границата за да одат на школо во Косово

-

Учениците од скопското село Блаце со години наназад ја минуваат македонско – косовската граница за да се школуваат во Елес Хан. Основно училиште во ова село нема, а државава им го негира едно од основните човекови права – правото на образование. Овие ученици немаат услови за одржување настава во земјата од која потекнуваат, но се очекува образовниот процес од 2021 година да можат да го следат поблиску до нивните домови, пишува „Порталб.мк“.

Тендерот за изградба на основното училиште во Блаце сега веќе е отворен, и доколку работите се одвиваат според планот, новата училишна година во 2021 година овие ученици ќе ја започнат во селото каде што живеат.

Министерот за образование и наука на 14 јануари на Фејсбук, меѓу другото, најави дека Владата има донесено одлука за објавување на тендер за изградба на училишен објект во село Блаце, училиште што со години беше барање на жителите на ова и на околните села.

Отворањето на можноста за компаниите да аплицираат со нивни понуди за изградба на ова училиште е на 13 февруари.

Доколку работите течат како што е предвидено во тендерот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки, завршувањето на објектот на училиштето се очекува да биде најдоцна во октомври 2021 година.

Учениците од населбата „Барди“ од скопското село Блаце со години пешачат по околу 6 километри за да следат настава, и тоа во основното училиште во Елез Хан во Косово. Со тоа, освен што е прекршен членот 44 од Уставот на Македонија бидејќи на нејзините државјани не им се гарантира правото на образование, прекршена е и Универзалната декларација за човековите права, која што ја има потпишано и нашата земја.

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За...