Учениците од „Исмаил Ќемали“ се простија од загинатите другарчиња: Соништата завршија во пепел (Фото)

-

„Секогаш во нашите срца“, „Соништата завршија во пепел“, „Ќе се сеќаваме на вас“, „Ќе ни недостасувате“ – Со вакви пораки испишани на трансапренти, со букети цвеќе во рацете и со солзи во очите денеска учениците од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од Чаир им оддадоа почит на своите соученици кои ги изгубија животите во кобната несреќа со автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија. Со нив беа и нивните наставници.

Петмина ученици од деветто, осмо, шесто и второ одделение веќе никогаш нема да седнат во нивните училишни клупи. Во знак на почит и сеќавање на плоштадот „Скендербег“ каде што заврши маршот на соучениците, неколку ученички прочитаа стихови.

Фото: Мета

„Животот е навистина нерешлива енигма. Тој носи радосни моменти, како и тажни моменти. Но, Бог сакаше да нè тестира со еден тажен настан, кој на сите ни изгледа нереален. Во спомен на овие ученици, во спомен на овие млади луѓе кои трагично ги загубија животите, сакам да им порачам на сите мои врсници: Болката и тагата секогаш ќе бидат присутни во нашите срца, единственото нешто што ги одржува овие деца во живот се спомените кои нè поврзуваат со нив. Затоа, не нурнувајте во морето на тагата, бидејќи крајот не се знае! Обидете се да се задржиме силни и да ја обединиме нашата сила заедно“, рече една од ученичките.

Фото: Мета.мк

Скршени од болка се и наставниците. „Ова што се случи со нашето училиште е голема трагедија која не може да се опише со зборови. Го тешам семејството, ги тешам учениците, ги тешам наставниците кои имаа убави моменти со учениците кои трагично ги загубија животите … За едно училиште да изгуби пет ученици, ова е многу, многу голема трагедија“, рече директорката на училиштето.

Несреќата во која изгореа 46 лица меѓу кои 12 деца ја преживеаја само седум патници на кобниот автобус. Тие се хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија, стабилни се и се чувствуваат добро. Министерот за здравство Венко Филипче денес информираше дека ја имаат целата нега, терапија и дадена им е психолошка поддршка. Кај еден пациент беше извршен хируршки зафат на ногата, а на пациентка и беше извршен помал зафат, ѝ беше оперирано коленото. Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје.

Фото: Мета.мк

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни,...

Д-р Османи: За 5 години антимикробната резистентност може да е главна причина за смрт на светско ниво

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво....

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати...