Ученици од приватното средно училиште „Јахја Кемал“ ќе учествуваат на меѓународен шампионат по роботика

Фото: ПСУ Јахја Кемал - Тетово

Тим од ученици од ПСУ „Јахја Кемал“ од Тетово ќе ја претставуваат Република Северна Македонија на шампионатот во роботика FLL-2021 (First Lego League), соопштија од средното училиште.

Оттаму им честитаат на нивните ученици и им посакуваат успех и медали на овој шампионат кој годинава ќе се одржи во Грција од 24 до 27 јуни.

На настанот ќе учествуваат повеќе од 200 тимови од над 80 земји од целиот свет.