fbpx

Убиени 26 христијани при напад на автобус во Египет

-

Вооружени напаѓачи пукале на автобус кој превезувал коптски христијани во провинцијата Миња, при што, како што јавува „Раша тудеј“ загинале 26 лица, а 26 се повредени

Нападот се случил додека коптите патувале од провинцијата Бени Суеф до манастирот Анба Самуел, во близина на Миња. На местото на нападот се наоѓаат голем број амбулантни возила кои превезуваат повредени во околните болници

Христијаните во Египет се честа мета на екстремистите. Минатиот месец, за време на празникот Цветници беа извршени неколку напади на коптски цркви и притоа загинаа 44 лица. После нападите, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава, беше прогласено тримесечна вонредна состојба во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Д-р Жан Митрев не измислил лек за подобрување на видот

Не е вистина дека посочениот „лек“ О капс го измислил д-р Жан Митрев, ниту го препорачува, ниту има докази дека го подобрува видот, како што се тврди во објавата....