Полицијата уапси три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, синоќа лишени од слобода биле А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје.
Тие се сомничат дека околу пладне во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, и употребиле оружје, гасен пиштол и ладно оружје. Вработените во гробиштата се здобиле со телесни повреди, кои биле констатирани во Градската болница „Св.Наум Охридски“.
„Вработените ги забележале лицата во близина на едно гробно место и бидејќи од претходно им биле познати како извршители на кривични дела тешки кражби ги предупредиле дека ќе повикаат полиција, по што биле нападнати. Тројцата се приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
