Руската служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсиле членови на терористичка група која во Москва и регионот подготвувале серија напади.
„ФСБ спречи активност на терористичка група која планирала серија терористички напади на јавни места, вклучувајќи и големи трговски центри. Групата врши самоубиствени напади со силни експлозиви“, стои во соопштението на ФСБ.
Како што се наведува, во специјалната операција е уапсен и организаторот на нападот, припадник на Исламска држава, кој е специјалист за правење експлозиви, како и двајца терористи -самоубијци.