fbpx

Уапсени пет членови на нарко-банда во акцијата „Брана“ на МВР

-

Министерството за внатрешни работи во криминалистичка истрага под кодното име „Брана“ разбила повеќечлена криминална група која од јули минатата година до јуни годинава продавала марихуана, кокаин и екстази во земјава.

Како што соопшти денеска МВР, тројца од осомничените биле идентификувани како организатори на групата, а двајца дејствувале како посредници. Полицијата извршила претреси во нивните домови, каде, како што информираат оттаму, биле пронајдени и предадени на вештачење, растителни и прашкасти материи, мобилни телефони и извесна сума на пари.

Од МВР велат дека поради карактеристиките на криминалната група, за која постојат основи на сомневања за коруптивно влијание во „одредени структури на полицијата и судството“, надлежните институции ќе продолжат со истрагата заради обезбедување дополнителни докази и откривање на нови членови.

Денеска МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и коруцпија, во врска со акцијата, ќе поднесе кривична пријава против седум лица, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Од МВР информираат дека петмина од осомничените се приведени, едно лице против кое е поднесена кривична пријава е веќе во притвор, а по едно сè уште се трага.

„Досега во рамки на криминалистичко истражување „Брана“, во текот на 2015 и 2016 година, кривично пријавени и лишени од слобода се вкупно 30 лица, при што запленети се повеќе од 4 килограми марихуана, семки од растението канабис сатива, 75 таблети екстази, повеќе од 9 грама кокаин, таблета МДМА и 1,6 милилитри масло од хашиш за што се поднесени 10 кривични пријави. Притоа досега е пријавен полициски инспектор, јавен обвинител и директор на општа болница. Криминалната група дејствувала на територијата на Свети Николе, Штип, Кочани, Битола, Гостивар и Скопје“, стои во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...