Уапсени се двајца возачи кои под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни незгоди. Полицијата од Кочани го лишила од слобода А.М.(58) од истиот град бидејќи војзејќи мерцедес, пијан, удрил во паркирано возило. При вршењето увид полицијата констатирала дека имал 1,93 промили алкохол во крвта, по што го уапсила.
Истата вечер, на регионалниот пат Берово-Делчево, полицијата од Берово ја лишила од слобода В.К.(23) бидејќи, возејќи со 1,59 промили алкохол во крвта, изгубила контрола и излетала од патот.
Двајцата возачи ќе добијат кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
