fbpx

Уапсен шверцер на мигранти по неколкучасовна бркотница со полицијата

-

Полициски екипи вчера, по неколкучасовна филмска баркотница, уапсиле 36-годишен жител на струшкото село Радолишта, кој во комби со албански национални ознаки превезувал 12 мигранти од Сирија, соошти МВР.

Полицијата го бракала осомничениот од населбата Карпош, на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, до тетовското село Групчин, каде полицијата со повеќе возила го блокирала патот и конечно успеала да го запре.

Возачот, во обидот да им избега на полициските блокади и патроли, а ги имало неколку, ќе предизвикал повеќе сообраќајни незгоди, а двапати се обидел да ги прегази полициските службеници поради што тие биле принудени да истрелаат неколку куршуми во воздух, како предупредување.

Осомничениот од намерата не го одвратила ниту наплатната рампа на автопатот Скопје – Тетово, која ја искршил минувајќи со голема брзина.

Од МВР соопштуваат дека на случајот работи СВР Скопје, кој по неговото расчистување и документирање ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...