Турската безбедносна служба уапсила руски државјанин кој наводно планирал напад со беспилотно летало на американски авиони во воздушната база Инџирлик, јавува телевизијата „Хабертурк“.

Како што е наведено, станува за збор за Ренато Бакијев, кој е осомничен за членство во таканаречената Исламска држава.

Руската амбасада во Анкара засега не го коментира случајот.