Полицаец од Ресен е усапсен денеска во Стар Дојран, откако било пријавено дека во деновите на празничниот викенд нападнал жена и нејзиниот син. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 35 годишниот полициски службеник, постапувајќи по претходна пријава дека на 01 и 02 Август во Стар Дојран физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп со кој бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против сторителот ќе биде поднесена сооодветна пријава. За настанот исто така е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.
