fbpx

Уапсен маж во Софија за недолични коментари на Фејсбук поврзани со автобуската несреќа

-

Бугарската полиција во Софија уапси 24-годишен маж поради неговите недолични коментари на Фејсбук за трагедијата со македонскиот автобус на „Беса транс“ што се случи на автопатот Струма, во близина на Боснек.

Според соопштението на бугарското МВР тој бил приведен на територијата на главниот град од службеници на Генералната дирекција за борба против организиран криминал по добиена дојава.

„Според податоците, тој досега на Фејсбук објавил коментари поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот Струма, неспојливи со моралните и етичките норми“, наведено е во соопштението.

Уапсениот се товари за сторено кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – поттикнување на омраза врз основа на националност преку информациски систем.

По трагичната несреќа редакцијата на Мета.мк забележа дека на социјалната мрежа Фејсбук се појавија изолирани трендови со коментари со недолична содржина преку која се шири омраза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...