Уапсен 17-годишник од Куманово осомничен дека ја откорнал таблата на српскиот конзулат

Полицијата не објави име и презиме, ниту повеќе детали за 17-годишникот. На објавената снимка неговиот лик е замаглен

-

Министерството за внатрешни работи информираше дека уапсиле 17-годишен малолетник од Куманово кој се сомничи дека ноќта на 28.11.2024 година ја откорнал таблата на српскиот конзулат во Куманово. Полицијата сподели и снимка од безбедносна камера на која се гледа дека младото момче што ја откорнува таблата на рамената го носи знамето на Албанија. Повеќе мејнстрим медиуми меѓу кои и телевизии со национална концесија ова го сметаа за доволен доказ дека момчето има албанско етничко потекло. Полицијата не објави име и презиме, ниту повеќе детали за 17-годишникот. На објавената снимка неговиот лик е замаглен.

Од СВР Куманово само посочуваат оти вчера на 29.11.2024 година кај нив било пријавено дека е откорната таблата на  канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија.

„Веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово“, се вели во краткото соопштение кое е придружено со снимка од безбедносната камера.

На снимката се гледа како на 28.11.2024 година во 23:08 часот момчето поминува покрај српскиот конзулат зборувајќи на телефон. Снимката е едитирана, односно недостигаат околу 40-ина секунди откако момчето го одминува конзулатот во 23:08 часот и 39 секунди, па потоа продолжува во 23:09 часот и 17 секунди кога момчето се враќа и ја откорнува таблата по повеќе безуспешни обиди. Потоа заминува со нејзе и ја фрла на улица.

 

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...