УЈП: Поради привремена интервенција на системот е-персонален данок, повремено не работи

-

Управата за јавни приходи во 2019 информира дека доставувањето на претпополнети Годишни даночни пријави за 2018 година се одвива на високо ниво.

„Со цел да се обезбеди непречено генерирање и доставување на претпополнети ГДП, можно е во текот на процесот да се појави потреба од привремена интервенција поради што кус временски период системот е-Персонален данок (е-пдд) за време на интеревенцијата е недостапен, како што беше случај денес 24.04.2019 во периодот од 09:30 часот до 10:30 часот, по што системот повторно е во функција.Напоменуваме дека краткотрајниот прекин не нанесува штета на правото на корисниците, односно на граѓаните кои се регистрирани на системот е-пдд, бидејќи тие ќе можат да ги потврдат или коригираат претпополнетите ГДП заклучно со крајниот рок 31.05.2019 година“, информираат од УЈП.

Од таму велат дека ги отфрлаат како невистините шпекулациите за казни.

„По однос на одредени шпекулации коишто се појавија во јавноста за евентуални парични казни доколку граѓаните не одговорат на претпополнетата ГДП, Управата за јавни приходи ги отфрла како невистинити и ја информира јавноста дека со новиот начин на доставување на Годишната даночна пријава на граѓаните им е овозможено да  учествуваат во постапката за утврдување на персоналниот данок, во соработка со Управата за јавни приходи. Граѓанинот, доставената Годишна даночна пријава треба да ја провери, од аспект на точност на прикажаните податоци во корелација со примените годишни приходи од земјата и странство. Доколку истите се соодветни, односно одговараат на реално остварените приходи, граѓанинот може да ја потврди Годишната даночна пријава, но може и да не постапи по истата. Доколку не ја потврди Годишната даночна пријава, истата службено ќе биде потврдена“, додаваат од УЈП.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...